Речиси 60 отсто од населението на ЕУ користи интернет банкарство

90

Во Европската унија, во текот на 2021 година, две третини од населението (67 отсто) на возраст меѓу 16 и 74 години купувале или нарачувале стоки или услуги преку Интернет, покажуваат најновите податоци на Заводот за статистика на ЕУ (Евростат).

Најголем дел од населението што ја користи мрежата на овој начин е забележано во три холандски региони – дури 93 проценти, а е-трговијата е широко користена во сите други холандски региони освен еден (Лимбург), сите дански региони и поголемиот дел од Шведска.

Од друга страна, два бугарски региони имаат најмал процент на луѓе кои користат Интернет за да купат стоки или услуги (26 и 27 проценти).

Речиси 60 отсто од населението на ЕУ користело интернет банкарство минатата година, а најмалку 90 отсто од луѓето користеле електронско банкарство во секој регион на Данска и Финска, како и во осум од 12-те региони во Холандија.

Регионот на главниот град на Финска имаше најголем удел во интернет банкарството (96 проценти). Спротивно на тоа, секој регион на Бугарија и Романија (освен еден регион на главниот град) пријавил помалку од една четвртина од населението што користи електронско банкарство, што беше случај и за еден регион во централна Грција.

Една од најчестите активности на Интернет беше користењето на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм, ТикТок или Твитер). Во 2021 година, речиси три петини од популацијата на ЕУ беа активни на социјалните мрежи во три месеци пред истражувањето. Стапката на учество на младите од 16 до 29 години беше повеќе од 80 проценти и речиси четири пати поголема од онаа на лицата на возраст од 65 до 74 години.