Речиси секој трет авиопатник во Европа доцнел во 2022 година

49

Aвиосообраќајот во Европа минатата година беше многу неправилен, а авионите често доцнеа, па третина од патниците беа погодени од доцнење и откажување на летовите, покажуваат резултатите од истражувањето на порталот „Ерхелп“.
И покрај намалениот распоред на летови, 244 милиони патници, или нешто помалку од 31 отсто од вкупно 795 милиони превезени, биле погодени од доцнење и откажување во последен момент, покажува анализата на порталот.

За споредба, во текот на 2019 година – последната година пред кризата со коронавирусот, 24 отсто од патниците биле погодени од доцнење и откажување, од кои вкупно 1,12 милијарди.

„Конкретно летото покажа дека персоналот на аеродромите и превозниците се неподготвени во услови на зголемување на воздушниот сообраќај по пандемијата“, рече шефот на Airhelp Томаш Павлизин.

Според студијата, во текот на летните месеци до 40 отсто од патниците имале потешкотии со летовите. Покрај слабостите на персоналот, други главни причини за одложувањата беа штрајковите и неповолните временски услови.

Паулизин предупредува дека нема подобрување на повидок дури и за 2023 година.

„Очекуваме продолжување на негативните трендови и оваа година. Како и во многу други индустрии, недостигот на квалификувани работници сè уште е сериозен проблем, а штрајковите се дополнителен предизвик“, рече тој.

Според Airhelp, Холандија е земја со најмногу доцнења, по што следат ОК и Германија, додека Крф, Манчестер и Франкфурт се водечки аеродроми за неточности во изминатата година.

Во предвид се земени летовите доцнени за повеќе од 15 минути, како и откажаните во неделата пред закажаното полетување.