Регионалниот инвестициски фонд South Central Ventures инвестира 700.000 евра во српски City Expert

20

city expert

Регионалниот инвестициски фонд South Central Ventures инвестира 700.000 евра во City Expert, српска старт – ап компанија која успешно воведува иновации на пазарот на недвижности, стои во соопштението.

Компанијата е основана во 2015 година, од шест момци кои за помалку од една година успеаја да достигнат цифра од 35.000 клиенти и 900.000 корисници на веб сајтот.

Ова е втора инвестиција на Фондот. Првата беше 300.000 евра во новосадската Drytools, софтверска платформа за алатки за програмери.

South Central Ventures, менаџер на ENIF фондот, располага со 40 милиони евра за инвестирање на иновативни компании од регионот: Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина.

South Central Ventures има канцеларија и во Скопје.