Рекорден профит на BMW во 2022 година

96

Германскиот производител на луксузни автомобили БМВ забележа рекорден профит за 2022 година благодарение на преземањето на мнозинскиот удел во своето кинеско заедничко вложување и фокусирањето на моделите со повисоки цени, соопшти компанијата во четвртокот од своето седиште во Минхен.

Добивката беше 18,6 милијарди евра (19,6 милијарди долари), речиси 50% повеќе во споредба претходната година, додека прометот се зголеми за 28% на 142,6 милијарди евра. Добивката врз основа на EBIT се зголеми за 4,5% на 14 милијарди евра.

Во текот на годината, компанијата се здоби со мнозински удел во BMW Brilliance Automotive (BBA), при што ревалоризацијата на уделот придонесе за извонреден приход од 7,7 милијарди евра, околу една третина од добивката пред оданочување од 23,5 милијарди евра.