
Онлајн платформите пораснаа за 28 отсто во првиот квартал од оваа година.
Корисниците на платформите Booking, Airbnb, Expedia и TripAdvisor оствариле 123 милиони ноќевања во сместувачки капацитети ширум Европската унија, покажуваат податоците на Eurostat, статистичката агенција на Европската унија.
Онлајн платформите забележаа раст од 16 отсто во месец јануари и не престануваат да соборуваат месечни рекорди.
Во текот на февруари бројот на ноќевањата е зголемен за 19 отсто, додека март заврши со рекордни 49 милиони ноќевања, што е зголемување за 48 отсто во однос на претходната година.
Најинтересни земји за туристите кои резервираат сместување преку интернет беа Шпанија, а потоа следат Франција, Италија, Португалија и Хрватска.
Во првите 20 региони, шест се во Шпанија и Франција, пет во Италија, два региони во Португалија и еден во Хрватска.












