Рекордна количина на гас во европските магацини

39

Залихите на природен гас во европските магацини на 1 март изнесуваат над 60 отсто од капацитетот, што е највисока количина забележана во овој период од годината, објави Gas Infrastructure Europe (ГИЕ).
Тоа здружение проценува дека во магацините има 66,1 милијарди кубни метри гас, што е двојно повеќе од истиот период од претходната грејна сезона.

Во претходната сезона испораките на гас паднаа под 60 отсто веќе во средината на декември, пренесува „Спутник“.

Европа во моментов има најмногу складирано гас на почетокот на март 2011 година.

Европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон изјави претходно оваа недела дека задолжителното намалување на потрошувачката и овозможи на Европската унија да го намали увозот на руски гас преку цевководи, но во исто време да купи двојно повеќе руски течен природен гас во 2022 година во споредба со претходната година.