
Зголемувањето на цените на светски познатиот германски фестивал на пиво „Октоберфест“, кој започнува во сабота, е повисоко од германската инфлација во последните децении, предупреди Андреас Рис, главен економист на „УниКредит банка“ во Германија.
Цената на пивото сега е пет пати повисока отколку во 1985 година, ја цитираше германската новинска агенција ДПА изјавата на Рис.
Минхенскиот „Октоберфест“, кој се смета за најголем фестивал на пиво во светот, ќе започне во сабота кога градоначалникот Доминик Краузе ќе го отвори првото буре. Се очекува фестивалот да привлече милиони посетители од целиот свет помеѓу 19 септември и 4 октомври.
Цените на пивото отсекогаш биле главна тема на дискусија околу „Октоберфест“, откако во последните години драстично пораснаа. Оваа година, љубителите на пиво ќе мора да платат просечно 15,61 евра за литар пиво, што е за 2,4 проценти повеќе од минатата година, според официјалните податоци на ДПА.
Октоберфест е еден од најпопуларните настани во Германија и еден од најголемите фестивали во светот и важен дел од баварската култура. Годишно, тој носи над една милијарда евра во локалната економија.












