
Компаниите активни на осигурителниот пазар во Романија минатата година забележаа рекордни загуби од 60 милиони евра, што е за 7,5 пати повеќе во однос на 2014 година, пишува Romania Insider.
Вкупно 19 осигурителни компании прикажаа нето добивка од 104 милиони евра, додека 16 остварија загуба од 164,2 милиони евра.
Загубата, во најголема мера, е генерирана од автомобилското осигурување, што опфаќа 90% од исплатените премии. Осигурителниот пазар во Романија е најмногу зависен од автомобилското осигурување.
Осигурителниот сектор во Романија забележа годишен раст од 8,2% на обемот на бруто полисираните премии во однос на претходната година.