
Реплек АД Скопје ја информира јавноста за промени во структурата на сопственост, откако двајца акционери се стекнаа со нови акции, согласно обврските од Глава 6 и член 38 од Правилата за котација на Македонската берза.
Според објавеното, акционерот Владимир Пецовски, се стекнал со дополнителни 40 нови акции. Со ова зголемување, неговото вкупно учество во сопственоста на Реплек достигнува 16.500 акции, што претставува 6,37% од вкупниот број на издадени акции.
Исто така, Коста Котески, член на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, се стекнал со 10 нови акции, со што неговиот вкупен пакет достигна 390 обични акции.