Ресторанот Noma ќе се сели на “урбана фарма”

21

mag-06eat-t-000_CA0-articleLargeДанскиот ресторан Noma со седиште во Копенхаген, којшто четири пати беше избран за најдобар ресторан во светот, ќе се затвори на крајот на 2016 година.

Сепак, тоа нема да биде крај на приказната од причина што истиот повторно ќе се отвори на нова локација – на “урбана фарма”, пишува The Local.

Светски познатиот готвач Рене Реџепи за Нујорк Тајмс изјави дека планира да го смени имиџот на ресторанот и да го дислоцира во индустриска зона близу Кристијанија.

Реџепи сака неискористената земја во областа да ја претвори во урбана фарма, во чиј центар ќе се наоѓа токму Noma.

7e5927d4-54ed-4e11-9243-a25200e9c98a

Објектот делумно ќе биде на вода, а ќе вклучува и затворен стаклен простор со 24-часовна услуга. Новиот ресторан ќе биде дизајниран од врвниот дански архитект Бјарк Ингелс.

Според Реџепи, и покрај тоа што Noma беше четири пати прогласуван за најдобар ресторан, време е за промена.

Пред светот да го види новото издание Noma, екипата ќе се премести во Сиднеј од декември 2015 до април 2016 година.