
Германскиот малопродажен гигант Rewe е сериозно заинтересиран за купување на словенечкиот трговски синџир Туш, објавија словенечките медиуми.
Сопствениците на Туш веќе добиле необврзувачки понуди, пишува Дело.
Медиумите јавуваат дека германскиот трговски синџир Rewe, во чија сопственост се и австриските компании Billa и BIPA, е заинтересиран да го купи Енгротуш, сопственик на продавниците Туш.
Туш е еден од најголемите трговски синџири во Словенија.
Rewe, од друга страна, е еден од најголемите германски трговци на мало.
Фото: Facebook