Британски Гардијан го претставува хрвтскиот претпримач Мате Римац како нетипичен иноватор и ѕвезда во подем, кој пред дваесет години имаше постери од најбрзите автомобили на ѕидот од неговата спална соба, а сега, на само 34-годишна возраст, сака да го отфрли бензинот и да се префрли на батериите.
Римац произведува атрактивни електрични спортски автомобили. Неговата позиција беше зацврстена минатиот јули кога VW му даде мнозинска контрола над Bugatti, производител на еден од најбрзите автомобили во светот, Chiron. Во јуни SoftBank и Goldman Sachs инвестираа 500 милиони долари во неговата истоимена компанија, проценувајќи ја на 2 милијарди долари, пишува Гардијан.
Римац: Никогаш не сум бил најплатен во компанијата
Новинарот Џаспер Џоли прво го праша Римац за неговата плата.
“Никогаш не бев најплатен човек во компанијата. Кога го основав Bugatti Rimac сакав да работам бесплатно, но акционерите инсистираа да имам плата. Кога станува збор за моето лично богатство, тоа е поврзано со вредноста на мојата сопственост во компанијата, не со мојот хонорар“, изјави Римац.
Кој е најдобриот совет што го добил?
„Не ми текнува ништо. Чувствувам дека секој треба да си оди по својот пат, нема кратенки“, одговори Римац и откри кога последен пат бил на одмор.
„Одивме на меден месец со Ferrari 812 GTS од Хрватска во Италија минатиот септември. Јас и мојата сопруга се знаеме 18 години, но ова беше наше прво не-службено патување надвор од Хрватска.
„Не бев одличен ученик“
Познато е дека Римац сакал автомобили уште од рана возраст. Кога започна војната во Босна, тие се преселија во Германија, срцето на европската автомобилска индустрија. Татко му работел градежништво, а мајка му како чистачка додека живееле во Германија. По десет години се вратија во Хрватска.
„Не бев одличен ученик“, нагласи Римац. Но, наставник му рекол дека треба да се пријави на натпреварот по електроника, а потоа освоил неколку натпревари и добил два патенти кога имал само 17 години.
На 18 купи BMW Серија 3 од 1984 година за да вози на трки, а по две трки му експлодирал моторот со внатрешно согорување. Затоа, решил да направи нешто со што ни најголемите производители на автомобили не се занимавале сериозно – да направи автомобил кој работи на струја, а не на фосилни горива.
„Мислам дека шансите за успех беа многу блиску до нула“
Римац сега има 1.600 вработени. Дали некогаш се сомнева во себе?
„Да, цело време. Мислам дека шансите за успех цело време беа многу блиску до нула“, рече Римац на новинар на Гардијан.
На крајот, тој најави дека ќе продолжи да ги прави хиперавтомобилите што ги идолизираше и да обезбедува електрична технологија за врвните производители на автомобили, но смета дека големата трансформација на автономното возење ќе биде тешка за најголемите производители на автомобили на денешницата, пренесува Индекс. хр.
Фото: Facebook