Угледниот британски автомобилски магазин Top Gear објави список со десетте највлијателни луѓе кои ја кројат иднината на електричните автомобили. Хрватот Мате Римац исто така се најде во него, во прилично респектабилна компанија од светски sвезди, директори и иноватори, на високото петто место.
Листата ја предводи извршниот директор на групацијата Фолксваген, Херберт Дис, поради најавите дека неговата група ќе се обиде да ја престигне Тесла во обемот на испораки на електрични автомобили и дека до 2030 година половина од приближно 11 милиони возила произведени од ВАГ ќе бидат електрични.
На второ место е американската секретарка за енергетика Џенифер Гранхолм, која ја предводи иницијативата на американската автомобилска индустрија да се префрли на електрични погони и нето нулта емисија на стакленички гасови до 2050 година.
Трет е Елон Маск, шефот на Тесла кој не ги крие своите многу амбициозни планови да го електрифицира целиот светски сообраќај. По него следеше возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, кој се залага за електрификација, промовира одржлива серија на трки Extreme E, и генерално е личност со голем дострел во јавноста.