RJ Reynolds Tobacco треба да плати 23,6 милијарди долари отштета на вдовица на пушач

22

ry

Американскиот производител на цигари RJ Reynolds Tobacco мора да плати 23,6 милијарди долари отштета на вдовица на пушач, кој починал од рак на белите дробови, одлучи судот на Флорида. Оваа оштета е рекорден износ во историјата на државата, јавува Washington Post.

Во текот на процесот, што траел четири недели, адвокатите на вдовицата на Мајкл Џонсон, истакнале дека RJ Reynolds не ги презеле потребните мерки за информирање на потрошувачите од опасностите што ги носи тутунот.

“Судот сака да испрати порака дека тутунската индустрија не може да го лаже американскиот народ и тамошната влада за зависноста и за смртоносните материи што може да се најдат во цигарите“, вели Кристофер Честнат, еден од адвокатите на вдовицата Синтија Робинсон.

Тутунската компанија RJ Reynolds ќе поднесе жалба на оваа одлука, а според адвокатите на оваа компанија “судот ја надмина границата на разумот и праведноста“.