РКЕ: Дизелот се намалува, цените на бензините се зголемуваат

149

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 89,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,261 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 53,848 ден/кг.