РКЕ: Од полноќ поскапува ЕУРОСУПЕР БС-95

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,039 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,784 ден/кг