РКЕ:Поевтинуваат бензините, дизелот падна под 70 денари за литар

171

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,362 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,075 ден/кг.