РКЕ со нова одлука: Поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95

80

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати
и горива за транспорт од 18.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит и малопродажната цена на
Мазутот М-1 НС изнесува 43,797 ден/кг.