ROAM-e, дрон за селфи фотографии и видеа

12

roam-e-01

Популарните стапчиња за селфи (selfie sticks) добиваат “летечка“ верзија. Станува збор за ROAM-e, дрон што може да препознае ликови и да прави фотографии и видеа, пишува Gear exposure.com.

Дронот е опремен со 360º 1080p HD камера, технологија за препознавање на ликови и можност за пренос во живо. ROAM-e се контролира преку апликација за мобилен уред поврзан со дронот. Преносот на сликата во живо е овозможено преку Wi Fi врска.

Доколку дронот се користи за популарното селфи, достигнува висина до три метри. ROAM-e може да остане во воздух до 20 минути додека не се испразни батеријата. За да се наполни целосно, потребни се околу два часа.

Цената на овој дрон е 399 долари во предпродажба.