Опремен со камери, микрофони, звучници, ласери и скенери, роботот Knighscope K5 Autonomous Data Machines лесно забележува се околу себе. Зад овој робокап стои компанијата Knightscope од Маунтин Вју од Калифорнија.
Роботот е програмиран за да може да забележи необично однесување и за тоа да ги инфомира надлежните институции. Исто така, роботот има сензори за мирис, а има капацитет да запамети до 300 броеви на регистерски таблички во една минута, пренесува Daily Mail.
“Кога некоја сомнителна личност застане пред него, тој ја снима и во истиот момент ги испраќа податоците во контролниот центар. Доколку се случи кражба на автомобил, роботот е во состојба да го забележи звукот на кршење на стаклото или бравата, по што го забележува бројот на регистрацијата на возилото, точното време и локација на која се случил настанот“, вели Стејси Стивен, дел од тимот што стои зад овој изум.
Овие роботи се наменети за патролирање низ трговските центри, населбите, студентските кампуси и колеџи. Во иднина овој робот може да се најде и низ училиштата, хотелите, казината и пристаништата, но и на стадионите и аеродромоите. Во овој момент роботот може да се забележи во Сан Франциско и во одредени локации во Силиконската долина.
Од компанијата Knightscope тврдат дека стапката на криминал во местата каде што патролира роботот ќе биде намалена за 50%.
Роботот е висок 1,5 метри, а тежок 136 килограми.