Робот што ги чита мислите на луѓето

27

robot1

Студенти од Институтот за технологија во Масачусетс и Универзитетот Бостон создадоа робот што може да ги чита мислите на операторот, пишува Recode.

Човекот комуницира со роботот преку ЕЕГ капа што ги снима мозочните бранови наречени “error-related potentials“ (ErrP) коишто укажуваат на грешка. Кога ќе добие податок за направена грешка, на дигиталното лице на роботот се појавува срамежлив лик.

“Додека го гледате роботот како работи, треба единствено ментално да се согласите или да не се согласите со тоа што го работи. Не мора да вежбате да размислувате на специфичен начин, машината се адаптира на вас, не обратно“, вели Рус.

Фото: YouTube