Роботи ќе делат совети на клиенти во банка

Банкарската групација Citigroup на своите клиенти кои имаат над 50.000 долари депозит во банката им дава можност да добијат совет од робот – советник, пишува CNBC.

Тој износ е потребен за да може клиентот да добие пакет на приоритетни банкарски услуги, на којшто ќе се приклучи и автоматизирана програма за инвестирање.

Програмата функционира како и поголемиот број роботски советници. Корисниците одговараат на неколку прашања што се однесуваат на ризикот и временските рокови на инвестирање, а софтверот ги става во однапрд подготовени инвстиции.

Ваков софтвер користат и овие банки: JPMorgan Chase, Bank of America, Wells Fargo и Morgan Stanley.

Фото: Pixabay