Роботи ќе вршат достава во Вирџинија

142

starship

Фото: Starship

Американската сојузна држава Вирџинија донесе закон со којшто им се дозволува на роботите да вршат достава на домашна адреса. Законот ќе стапи на сила од први јули оваа година, а има клаузула според која одредени градови во Вирџинија може самостојно да го модифицираат законот и да воведат забрана на движење на роботите во својот град, пишува Recode.

Според законот, роботот самостојно може да се движи по пешачката патека без присуство на одредена личност, но треба безжично да биде следено од лицето кое ќе ги преземе неопходните работи ако нешто тргне наопаку.

На роботите им е дозволено да се движат само по пешачките патеки и не смеат да се движат со брзина поголема од 10 километри на час и да бидат потешки од 50 килограми.

Законот го предложија двајцата пратеници од Вирџинија, Рон Вилануева и Бил ДеСтеф, во соработка со естонската компанија Starship Technologies.