Фото: Kickstarter
RocketBody е уред што го мери нивото на стрес, срцевите отчукувања во минута, квалитетот на сонот и дава дневни совети за здрав живот.
Без разлика кои се целите на корисникот, RocketBody му помага да ги оствари. Паметниот уред го анализира нивото на енергија и начинот на којшто телото функционира и според тоа го креира целиот финтес режим што му е потребен на корисникот.
Освен тоа го анализира и метаболизмот па според тоа одредува здрави оброци во текот на денот и го потсетува корисникот кога е време за одмор.
Производот е дело на старт-ап со седиште во Сан Франциско, Калифорнија.
RocketBody има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 21.647 долари од потребните 30.000 долари, а кампањата трае уште 29 дена.
Првите испораки на уредот се очекува да бидат во октомври годинава.