Романија: BAT инвестира 21 милион евра во ’нова генерација’ на цигари

33

britsh-amerikan-tobacco

Еден од најголемите производители на цигари во светот, British American Tobacco (BAT), во фабриката Ploiesti во Романија ќе инвестира 21 милион евра за производство на нова генерација на цигари, пишува Romania Insider.

Компанијата претходно инвестираше 250 милиони евра во фабриката од нејзиното формирање во 1997 година, со што Романија прерасна во водечки центар за истражување и иновации на BAT.

“Романија е подготвена да стане клучен сегмент на ВАТ во снабдување на производи од ’новата генерација’. Компанијата е најголемиот производител на вакви производи надвор од САД. Веќе покрива 12 пазари ширум светот и планира да влезе на осум нови кон крајот на оваа година“, соопштуваат од компанијата.

Во последните три години двојно се зголеми пазарот на којшто се нудат алтернативни форми на цигари, бидејќи пушачите стануваат повеќе свесни за штетните последици по нивното здравје.

ВАТ е еден од најголемите дистрибутери на тутунски производи во Романија. Во 2015 година, групацијата во земјата остварила 1,65 милијарди евра приходи од продажба и нето профит од 98 милиони евра.

ФОТО: Bat.com