Ronin на Axie Infinity ќе биде рестартиран следната недела

61

Ronin, страничен синџир поврзан со Ethereum, кој е хост на играта Axie Infinity, планира повторно да го отвори својот мост следната недела, три месеци откако беше подложен на „експлоит“, кој го чинеше 600 милиони долари.

Развојниот тим на Ronin, финансиран од Sky Mavis (креаторот на Axie Infinity), вчера преку објава на Твитер потврди дека мостот ќе биде рестартиран на 28 јуни. Претходно, тимот за развој планираше рестартирањето да се случи овој четврток, но имаше мало задоцнување.

„Нашиот инженерски тим работи напорно за да се подготви за повторното отворање на мостот“, објави тимот на Твитер, додавајќи дека за рестартирање на мостот е потребен мрежен хард-форк во кој валидаторите планираат да го ажурираат својот софтвер.

На 23 март, хакерите, подоцна идентификувани како севернокорејската група Lazarus, ја презедоа контролата врз пет од деветте јазли за валидација на Ronin, дозволувајќи им да украдат 173.600 ETH и 25,5 милиони USDC.

Во тоа време, тие средства вредеа повеќе од 600 милиони долари, што го прави едно од најголемите хакирања на криптовалути досега. Како одговор, тимот мораше да го замрзне управуваниот мост и да ја запре Katana, децентрализирана берза на страничниот синџир.

Со враќањето на мостот онлајн овој вторник, тимот вети дека ќе ги надомести трошоците на оние кои се погодени од „експлоитот“.

Во април, Sky Mavis собра 150 милиони долари од инвеститори, вклучително и берзата за криптовалути Binance и фирмите за ризичен капитал Andreessen Horowitz и Paradigm. Оваа сума, плус сопствените средства на компанијата, ќе помогне да се повратат средствата на засегнатите корисници.