Royal Caribbean го подига крстарењето на ново ниво

23

1

Компанијата Royal Caribbean сака да го однесе крстарењето по океаните и морињата на едно друго ниво со новите футуристички бродови Quantum of the Seas и Anthem of the Seas.

2

Најголема новина на бродовите ќе биде Северната ѕвеза, именувана по Лондонското око, што ќе ги постави патниците 91,5 метри над палубата. Патниците ќе можат да уживаат во погледот без разлика дали бродот крстари или е на пристаниште.

3

Уште една посебна карактеристика на новите бродови е големата соба наречена Two70°, која нуди поглед на океанот од 270 степени.

4

Ќе се проектираат слики (реални или имагинарни) врз масивните прозорци на собата, создавајќи илузија на нова локација.

5

Бродовите ќе им понудат на патниците RipCord искуство – воздушен тунел кој се користи за да се симулира чувството на летање на небото, слично како со падобран.

6

Бродовите Quantum of the Seas и Anthem of the Seas ќе имаат центар за забава што ќе се трансформира во зависност од активностите – возење ролери, колички или играње кошарка.

7

Бродовите ќе имаат по 18 палуби, 2.090 соби може да имаат 4.180 патници. Сите соби ќе имаат поглед кон океанот со помош на “виртуелните балкони“, што нудат слики од реалниот моментален поглед на океанот или морето.

Quantum of the Seas е планирано да почне да плови од Њујорк во ноември 2014 година, додека Anthem of the Seas од Саутемптон во април 2015 година.