Телевизискиот канал RTL Hrvatska е продаден на Central European Media Enterprises (CME) за 50 милиони евра.
На берзата беше потврдено дека RTL го продал својот канал во Хрватска на компанија која е поранешен сопственик на тамошната Нова ТВ. Трансакцијата од 50 милиони евра се очекува да биде завршена во вториот квартал од оваа година.
Како дел од трансакцијата, CME обезбеди долгорочни права за задржување и користење на брендот RTL во Хрватска, се вели во соопштението.
RTL Group имаше мнозинска сопственост на RTL Hrvatska по нејзиното основање во 2004 година, а од средината на 2015 година е во целосна сопственост на компанијата.
Оваа група е лидер во емитување и дигитална содржина со приближно 67 телевизиски канали, десет стриминг услуги и 38 радио станици.
CME, која го купи RTL Hrvatska, ја поседува и управува водечката централноевропска SVOD (услуга за видео на барање) платформата VOYO, како и пет водечки телевизии во Бугарија, Чешка, Романија, Словачка и Словенија.