РТС: Роботи “made in Serbia”

50

robot

Првата фабрика за роботи во Србија, ICM, се наоѓа во сремското село Платичево. Во странство постои интерес за овој српски производ за кој велат дека не заостанува зад другите од Западот, но во Србија се увезуваат поскапи роботи од Словенија, јавува РТС.

Роботите што се произведуваат во оваа фабрика, можат да направат се за купувачот – пакување, кревање, истоварување, товарење, заварување… а еден робот заменува шест работници.

“Најважна ни е идејата, а најтешко е да се направи софтверот. За оваа линија ни требаа околу три месеци да ја реализираме од нулта до крајна точка”, вели електроинженерот по автоматика Борислав Периќ.

На почетокот, за роботите им беа неопходни скапи увозни механички делови, а сега самите ги прават. За шест години, од Платичево преку 40 линии се извезени за Германија, Романија, Франција, Шведска и земјите од опкружувањето.