Русија ѝ испорача рекордни количини гас на Унгарија

Русија испорача рекордни 8,6 милијарди кубни метри гас на Унгарија во 2024 година, а во периодот од јануари до февруари оваа година испораките изнесуваа 1,18 милијарди кубни метри, изјави  рускиот вицепремиер Александар Новак.

Новак во Москва оствари работна средба со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, пренесува РИА Новости.

Според соопштението на руската влада, двајцата разговарале за условите за проширување на соработката за проекти за нафта, гас и енергија.