Русија би можела да плати околу 11,7 милијарди долари во ЕУ за данок за јаглерод

96

Потенцијалните трошоци на Русија врз основа на данок на јаглерод во ЕУ, според нацрт предлогот на Европската комисија, би можеле да достигнат околу 11,7 милијарди долари до 2030 година, тврдат експертите.

“Овој надоместо за Русија би можел да изнесува меѓу 1,8 и 3,4 милијарди долари до 2026 година и меѓу 3,5 и 6,4 милијарди долари до 2030 година, поради зголемување на цените по тон јаглерод диоксид, со задржување на обемот на извоз на просечно ниво од 2019 и 2020 година“, пишува Ria Novosti.

Но, овие бројки би можеле да бидат и поголеми доколку рафинираните деривати и петрохемиски производи станат дел од листата на индустрии што ќе бидат опфатени со новиот данок, при што максималните трошоци за Русија тогаш би биле околу 11,7 милијарди долари до 2030 година.

Европската комисија минатиот месец објави нацрт план за воведување први погранични такси на јаглерод во светот, коишто се однесуваат на увоз на производи со висока емисија на јаглерод диоксид во производството, како што се челик, железо, електрична енергија, алуминиум, ѓубрива и цемент.

Фото: Pexels