Русија го удвоила извозот на течен гас на Балтикот во 2022

61

Руските извозници продале двојно повеќе течен нафтен гас (ТНГ) на балтичките земји во 2022 година, според три извори во секторот трговија и претовар.

Течниот нафтен гас (пропан-бутан) главно се користи како моторно гориво и како извор на енергија за греење, но и како суровина во производството на други петрохемикалии и е изземен од западните санкции против Русија.

Врз основа на податоците од тројца трговци и транспортери, Ројтерс пресмета дека Русија извезла 331 илјади тони ТНГ во Летонија, Литванија и Естонија во 2022 година. Во 2021 година испорача 159 илјади тони.

Рускиот извоз на ТНГ во Летонија скокна за 77 отсто минатата година, на 232.000 тони, пресмета Ројтерс врз основа на изворните податоци. Извозот во Литванија беше осум и пол пати поголем од 2021 година, достигнувајќи 72 илјади тони. Извозот во Естонија скокна за 42 отсто, на 27 илјади тони.

Министерствата за енергетика во Латвија и Естонија не одговорија на барањето на Ројтерс да ја коментираат пресметката. Од литванското Министерство не сакаа да  коментираат.

Податоците покажуваат дека во 2022 година, рускиот течен нафтен гас сочинувал 90 отсто од летонскиот увоз на тој енергетски производ, а половина од него во Литванија, според Ројтерс.

Балтичките земји го продадоа вишокот на Украина во последните месеци, тврдат трговците, додавајќи дека Летонија и Литванија и испорачале околу 15.000 тони ТНГ на Украина само во декември, што одговара на 15 отсто од вкупниот украински увоз на таа енергија во последниот месец минатата година.