
Помеѓу јануари и јули, Русија извезе гас од гасоводот во Кина во вредност од 5,69 милијарди долари, според податоците објавени денес од Генералната царинска управа на Кина.
Тоа е за 21,3 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, објави ТАСС.
Генералната царинска управа, исто така, објави дека во 2024 година увезла руски гас од гасоводот во вредност од 21,1 милијарда долари, што е за 8,6 проценти повеќе во однос на 2023 година.
Според објавените податоци, Русија е на прво место за испорака на овој енергетски извор до Кина. По Русија следува Туркменистан, кој испратил гас до Кина во вредност од 4,95 милијарди долари, потоа Мјанмар (над 922 милиони долари), Казахстан (околу 600 милиони долари) и Узбекистан (околу 460 милиони долари).