Руската влада одлучи да ја продолжи забраната за извоз на бензин до 28 февруари, соопшти денеска секретаријатот на рускиот вицепремиер Александар Новак.
Забраната за извоз на бензин од Русија беше воведена на 1 март минатата година поради наглото зголемување на цените на горивата на големо и ризикот од недостиг на домашниот пазар.
Мерката требаше да важи шест месеци, но од крајот на мај до август ограничувањата беа привремено укинати, а потоа продолжија, пренесува Комерсант.