
Рускиот министер за економски развој Максим Решетников во петокот на состанокот на владата изјави дека до крајот на 2023 година министерството очекува зајакнување на рубљата, а вредноста на доларот ќе падне на 94 рубљи.
Според прогнозата на руското Министерство за економија, во периодот меѓу 2024 и 2026 година ќе се формира „нова рамнотежа“ и вредноста на доларот ќе се движи меѓу 90 и 92 рубљи, додаде Решетников, пренесува Бизнис.рс.
Министерството за економија очекува дека рускиот БДП годинава ќе порасне за 2,8 отсто, а следната година за 2,3 отсто.
Рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека во 2024 година се очекуваат буџетски приходи од 35 трилиони рубљи, а приходите од нафта и гас следната година би требало да бидат двојно повеќе од приходите од другите категории.













