Русија: Робот презентер на вести

42

Рускиот државен канал за вести, Rossiya 24 претстави робот презентер, пишува BBC.

Робото е наречен Alex, а е дело на компанијата Promobot, чиешто седиште е градот Перм. Неговиот лик е направен според изгледот на ко-основачот на Promobot, Алексеј Јужаков.

Моментално “презентерот“ може да го движи лицето, главата и вратот, но финалната верзија се очекува да има целосно подвижни екстремитети. Производството на Alex започна во 2017 година и се очекува да биде завршено кон крајот на годинава.

Лицето на роботот е изработено од силикон, а досега проектот чини 15.600 долари. Од Promobot велат дека веќе имаат добиено нарачки за уште 12 хуманоидни роботи.

Фото: Facebook