„Русите нè лажат в лице“: Германски министер бесен поради Северен тек 1

99

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ги обвини руските власти дека лажат за турбината за гасоводот Северен тек 1.

Во разговор со граѓаните во Бајројт, Хабек рече дека турбината, која беше на ремонт во Канада, од понеделникот минатата недела е во Германија.

Сите документи се средени. Сепак, Русија е против преземање на турбината“, тврди тој.

„Тие нè лажат во лице“, подвлече Хабек за тврдењата на Кремљ дека германската влада и „Сименс енерџи“ го одложуваат враќањето на турбината во Русија.