Руската централна банка ја тужи ЕУ

Централната банка на Русија ја тужи Европската унија (ЕУ) поради нејзината одлука да користи замрзнати руски средства како колатерал за заем од 90 милијарди евра за Украина на неопределено време, објави денес бриселскиот портал „Политико“.

Тужбата ќе биде тест за овластувањата на Европската комисија, која минатата година, со одлука „на тенок мраз на квалификувано мнозинство“, замрзна руски средства во износ од 210 милијарди евра, според порталот.

Банката на Русија оцени дека ЕУ извршила незаконска акција против суверена сопственост, со што ги прекршила основните и неотуѓиви права на пристап до правдата и принципот на суверен имунитет на државите и нивните централни банки.

Според соопштението на централната банка, Советот на ЕУ направил голем број прекршувања на сопствените процедури со донесување на вакви мерки со квалификувано мнозинство, наместо едногласно.

Според порталот од Брисел, Европската комисија треба да одговори на тужбата поднесена до Општиот суд на ЕУ во Луксембург.