Руски ултиматум: „Нема да има гас додека не се укинат санкциите“

130

Русија ќе го затвори главниот гасовод до Европа додека не се укинат санкциите.

Газпром претходно објави дека го затвора протокот преку Северн само 1 поради технички дефект, пишува Фајненшл тајмс.

Испораката на руски гас за Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ нема да биде целосно обновена додека „колективниот Запад“ не ги укине санкциите против Москва поради конфликтот со Украина, објави Кремљ.

Дмитриј Песков, портпарол на претседателот Владимир Путин, ги обвини санкциите од ЕУ, Велика Британија и Канада за неуспехот на Русија да испорача гас преку клучниот гасовод што го носи гасот до Германија од Санкт Петербург преку Балтичкото Море.

„Проблемите со испумпувањето на гасот беа предизвикани од санкциите што ги воведоа западните земји кон нашата земја и неколку компании“, рече Песков. „Нема други причини кои би можеле да го предизвикаат овој проблем со пумпањето.

Коментарите на Песков беа досега најсилното барање на Кремљ ЕУ да ги укине санкциите во замена Русија да продолжи со испораките на гас на континентот.