Руските дилери на автомобили бараат од Рено 103 милиони евра поради напуштање на пазарот

68

Руските дилери на автомобили од здружението ROAD апелираа до француската компанија Рено со барање да склучи договор за надомест на загубите во износ од 103 милиони евра поради заминувањето на оваа марка од Русија. ROAD бара компензација за трошоците за купување и изнајмување недвижен имот за дилерите, трошоците за внатрешна и надворешна реконструкција според стандардите на Рено, набавки, обука на персоналот, заеми добиени за развој на дилерската мрежа на Рено, како и за изгубена добивка, според РИА Новости.

Доколку не се постигне договор, дилерите се подготвени да се обратат до рускиот суд, што ќе му наштети на угледот на Рено и ќе го отежне враќањето на оваа марка во Русија, нагласуваат од здружението ROAD. Францускиот производител на автомобили Рено кон средината на мај минатата година официјално го напушти рускиот пазар, потсетува руската агенција, пренесува Танјуг.