Руските компании инвестираат 40 милијарди долари во иранската нафтена индустрија

26

Иранските и руските компании го потпишаа во Техеран најголемиот договор за странски инвестиции досега во иранската економија, кој вообичаено се однесува на проекти за гас и нафта, објави локалната агенција ИРНА.

Иранската агенција наведува дека, според договорот, реномирани руски компании ќе инвестираат 40 милијарди долари во иранската нафтена индустрија.

Русите спроведуваат инвестициски проект вреден четири милијарди долари во иранската нафтена индустрија, а во план е бројка да биде десет пати поголема.

Набргу по церемонијата на потпишување, ќе започнат разговорите за деталите од договорот.

Во последните недели во Иран беше постигнат прелиминарен договор за ваква инвестиција преку големи руски компании, вклучително и „Газпром“, во согласност со стратешката соработка на двете земји, јави ИРНА.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно ги покани високите претставници на „Газпром“, најголемата светска компанија за гас, да отпатуваат во Иран што е можно поскоро за да разговараат за инвестициите во проектите за ирански гас и нафта.

Претставници на „Газпром“ го посетија Иран и сега во Техеран е потпишан подготвениот текст на договорот.