Сабато де Сарно ја напушта функцијата креативен директор на модната компанија Гучи

Италијанската модна компанија Гучи денеска соопшти дека нејзиниот креативен директор Сабато де Сарно ја напушта функцијата по две години.

Неделата на модата во Милано започнува на 25-ти февруари, па колекцијата на Гучи ќе ја креира неговото дизајнерско студио, се вели во соопштението објавено од Вог.

„Би сакал да ја изразам мојата длабока благодарност до Сабато за неговата страст и посветеност на Гучи. Навистина ценам што тој ги почести мајсторството и наследството на Гучи со таква посветеност“, рече Стефано Кантино, извршен директор на модната куќа со седиште во Фиренца.