САД добиваат Институт за љубезност

2

Универзитетот UCLA во Лос Анџелес отвори Институт за љубезност, пишува LA Times.

Во рамки на овој Институт ќе постои интердисциплинарна студија што ќе ја истражува љубезностан преку еволуција, биологија, психологија, социологија.

Според еден од основачите, Метју Харис, љубезноста ја има во секој од нас и потребни се големи “истражувања за да се открие поради што е ретка појава во модерниот свет“.

Инаку, се верува дека љубезноста има позитивен ефект врз здравјето на луѓето и може да се шири како “зараза“.

Фото: Pixabay