
Соединетите Американски Држави додадоа повеќе од 50 кинески технолошки компании на листата на забрана за извоз во првата ваква одлука на администрацијата на Доналд Трамп, со цел да се намали способноста на Пекинг да развива вештачка интелигенција и напредни компјутерски технологии.
Бирото за индустрија и безбедност на американското Министерство за трговија наведе вкупно 80 организации, вклучувајќи 50 од Кина, и им забрани на американските компании да ги снабдуваат без владини лиценци, објави CNBC.
Компаниите беа казнети за наводно дејствување против националната безбедност и надворешнополитичките интереси на САД, дел од напорите на Вашингтон да го ограничи пристапот на Пекинг до компјутерската технологија која може да обработува огромни количини на податоци со многу голема брзина.