САД ги олабавуваат правилата за транзиција кон електрични возила до 2032 година

14

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден  ги намали целите за нивото на воведување електрични возила во САД од 67 отсто до 2032 година на само 35 отсто, по реакциите на индустрискиот сектор и автомобилските работници во сојузната држава Мичиген.

Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) усвои технолошки неутрална шема која им овозможува на производителите на автомобили многу поголема слобода во исполнувањето на стандардите за емисии, објави Ројтерс.

Медиумите јавуваат дека многу екологисти се противат на мерката, која го одложува преминот кон електрични возила.