САД ја тужи Новартис поради поткуп

14

Novartis's headquarters in Basel, SwitzerlandАмериканското обвинителство подигна обвинение против локалната филијала на швајцарската фармацевтска компанија Новартис, поради поткуп на лекари. Компанијата на лекарите им овозможувала различни погодности, а тие за возврат ги препишувале нејзините лекарства.

Владата на САД ја тужи компанијата поради сомневање дека во периодот од 2001 до 2011 година, преку повеќемилионски програми ги врбувала лекарите кој биле подготвени да примат нелегални надоместоци за да ги поттикнуваат пациентите да ги користат лековите од оваа швајцарска компанија. Новартис издвоила 65 милиони долари во овој период за 38.000 програми за предавања во врска со своите лекарства. Во соопштението стои дека компанијата им плаќала на лекарите да држат предавања за лековите и на настани кои повеќе биле излети или дружби, како риболов или вечери во луксузни ресторани по цена од 1.000 долари по човек.

Помошник државниот обвинител изјави дека овие програми на поткуп го доведуваат во прашање интегритетот на лекарите и нивните одлуки.