САД увезуваат стотици милиони јајца од Турција и Јужна Кореја

Соединетите Држави ќе увезат стотици милиони јајца од Турција и Јужна Кореја за да се решат сериозниот недостиг предизвикан од појава на птичји грип и прекин на синџирот на снабдување, изјави секретарот за земјоделство Брук Ролинс.

„Ги имаме Турција и Јужна Кореја кои извезуваат јајца“, изјави Ролинс за новинарите во Белата куќа, јавува Anadolu Agency.

„Зборуваме за стотици милиони јајца и испорака на краток рок. Засега тоа е доволно значајно количество за да помогне во одржувањето на цените“, рече таа, додавајќи дека САД исто така преговараат со други земји за дополнителен увоз.

Овој потег е дел од планот од пет точки, кој Ролинс го претстави на почетокот на март, за борба против кризата што ги зголеми цените на јајцата за 15,2 отсто во јануари, што е најголем месечен пораст од јуни 2015 година. Во текот на изминатите пет години, цените на јајцата се зголемени за 230 отсто, според Министерството за труд.

Претходно беше најавено дека Турција ќе испрати 15.000 тони јајца до јуни 2025 година како клучно краткорочно решение.