Safari го губи местото на вториот најкористен интернет прелистувач

106

Веб-прелистувачот Safari на Apple на десктоп платформата никогаш не бил толку популарен како Google Chrome, кој доминира по популарност меѓу корисниците на Интернет ширум светот, но долго време цврсто се држи на втората позиција, пред се поради големата популарност на компјутерите MacOS. Сепак, новите податоци покажуваат дека Safari наскоро би можел да ја загуби оваа позиција.

Според StatCounter, Safari сè уште е на второто место во јануари 2022 година, но двајцата најблиски на листата се веднаш зад него.

Safari го користат 9,84% од десктоп корисниците, а по него е Microsoft Edge со 9,54% пазарен удел. Firefox, кој имаше само 8,1% удел во јануари 2021 година, доби многу нови корисници во последните месеци и достигна удел од 9,18% меѓу десктоп прелистувачите. Google Chrome останува неприкосновен со 65,38%.

За споредба, 10,38% од корисниците на десктоп пребарувале на Интернет преку Safari во јануари 2021 година, што покажува дека прелистувачот на Apple ја губи популарноста во споредба со другите решенија. Доколку овој тренд продолжи, Safari би можел да падне на третото или четвртото место за неколку месеци.

Кога станува збор само за американскиот пазар, Safari со 18,12% се уште има предност пред Microsoft Edge со 12,09%. Safari веќе го загуби второто место во Европа. Секако, треба да се напомене дека Safari е достапен само за macOS (кога станува збор за десктоп), додека другите конкуренти се достапни и за Mac и PC.