„Сакаме да се ослободиме од зависноста од Русија“- Германија бара спас во Израел

62

Израел планира да отвори ново поле за експлоатација на гас, што ќе биде тема на разговорите што германскиот министер за економија Роберт Хабек ќе ги има во таа земја.

„Сакаме да се ослободиме од нашата зависност од Русија, но сè уште ни недостасува гас“, рече Хабек во понеделникот, пред посетата на Блискиот Исток.

Сепак, Хабек прецизираше дека гасното поле не било централна тема на неговата посета.

„И Израел има и големо наоѓалиште на гас, кое лесно се експлоатира“, но извозот на гас во Европа е комплициран бидејќи недостасува потребната инфраструктура, рече германскиот министер.

Тој истакна дека централна тема на неговата посета е развојот во областа на обновливите извори на енергија, пренесува Б92.

Фото: Facebook