Сакате да звучите професионално? Еве што не смеете да кажете

67

prst

Фото: Pixabay

Постојат одредени теми за кои не треба да се дискутира со некој кој штотуку сте го запознале. И токму затоа што знаеме колку е важен првиот впечаток, потрудете се да ги одбегнете следните теми на разговор доколку сакате да звучите професионално.

Негативни коментари (дури и ако се вистинити):

Воопшто не ми се работи. Ја мразам оваа компанија. Го мразам мојот шеф.

Било што поврзано со пари:

Колкава ти е платата? Колку заработуваш? Задоволен/на си со платата?

Теми поврзани со политика:

Јас сум од (таа и таа) партија. За кого гласеше? Што мислиш за абортусот/смртната казна/новите измени во…?

Било што поврзано со религија:

Веруваш во Господ? Од која религија си? Јас сум (таа и таа религија).

Теми поврзани со сексуална ориентација:

Декларирање или дискусии на таа тема.

Теми поврзани со бременост:

Кога треба да се породиш? Честитки за бременоста. Дали си бремена?

Коментари за физичкиот изглед:

Ми се допаѓа кошулата што ја носиш. Каде одиш на фризер? Си ослабел/а. Поинаку изгледаш во живо отколку на фотографиите од профилот.

Теми поврзани со здравјето или приватноста:

Се разведувам. Постојано чувствувам замор. Пред банкрот сум.

Било што за очекувањата:

Изгледаш поинаку. Не те замислував така. Никогаш немаше да претпоставам дека…

Ставање себе си во прв план

Јас… Јас… Јас…